Во крајно неизвесен и интересен натпревар фудбалската репрезентација на Јужна Кореја славеше по продолженија над Австралија со 1-2 и со тоа се пласираше во полуфиналето на Азискиот куп 2024.
Корејците први ја затресоа мрежата на противникот, но по консултација со ВАР голот постигнат од Хванг беше поништен поради офсајд. До крајот на првото полувреме популарните „сокероси“ успеаја да поведат со 1-0 преку Годвин во 42. минута. Како и на мечот од осминафиналето Корејците повторно некако успеаја да се спасат од елиминација откако во 96. минута токму Хванг чив гол беше поништен во првото полувреме стрелаше од пенал за 1-1.
Во продолженијата најдобриот фудбалер на Јужна Кореја, Сон со прекрасен погодок од слободен удар донесе водство од 1-2 во 104 минута, а до крајот на првото продолжение Австралијците останаа со играч помалку откако О’Нил доби црвен картон.
Таму Koреја ќе игра против Јордан кој денеска исто така со 1-0 беше подобар од Таџикистан.
Australia 1 – [1] South Korea – Hee-Chan Hwang 90+6' (Penalty)
by insoccer
[deleted by user]
by insoccer
Australia 1–2 South Korea – Aiden O'Neill red card 105'
byu/saiyan010zero insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

