Освојувачката на Златната топка, Ада Хегерберг нема да биде во составот на Норвешка за претстојното Светско првенство во Франција. Отсуството на 23-годишната ѕвезда не е изненадување со огледа дека таа од 2017 година одбива да биде во репрезентацијата поради како што објасни, отсуството на почит за фудбалерките во Норвешка.
Фудбалерката на Лион се повлече од националниот тим само неколку месеци пред норвешката федерација и националната асоцијација на играчи да го потпишат историскиот договор за еднакви плати. Сепак таа продолжи да бојкотира.
„Се обидовме да го решиме проблемот, имавме состаноци, но таа сепак реши да не игра“ – вели селекторот на Норвешка, Мартин Сјогрен.
И сестрата на Ада, Адриеане која е дел од Пари Сен Жермен ја бојкотира норвешката репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА