Германската атлетичарка Луна Булман е отстранета од германскиот олимписки тим откако јавно протестираше откако беше исфрлена од штафетниот тим на земјата.
Булман требаше да се натпреварува во Париз во мешана конкуренција на трката на 4х400 метри, каде што има второ најдобро време меѓу спортистките таму.
Сепак, нејзиното место го зазеде Алиса Шмит, по што нејзината сонародничка бурно реагираше.
Нејзините изјави стигнаа и до олимпискиот комитет на Германија, кој како казна ја исфрли Булман и од женската штафета. Својата одлука ја оправдаа со тоа дека Булман не е „тимски играч“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА