Најила Тринедаде, девојката која ја тужеше ѕвездата на ПСЖ, Нејмар за силување, оптужена е за измама и изнуда. Најила, Нејмар го обвини за силување во Париз во мај годинава, но судијата ја отфрли поради недоволно докази.
Таа повторно се најде во големи проблеми. Обвинета е за измама и изнуда заедно со нејзиниот поранешен партнер Естивенс Алвес. Двајцата ќе мора да се појават на суд и ако се потврди дека се виновни, ќе очекува повеќегодишна затворска казна.
Нејмар претходно истакна дека и покрај тоа што докажа дека е невин, случајот цел живот ќе му остави лузна.
„Оваа лузна засекогаш ќе остане како потсетник што се луѓето подготвени да направат“, изјави Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА