Ја „извиси“ Хрватска за да се избори за НБА договор и успеа во тоа

Хрватска во квалификациите за Летните олимиски игри стигна до финалето каде загуби од Грција, но и не настапи во најсилниот можен состав бидејќи дел од него не беше 23-годишниот центар Карло Матковиќ кој се одлучи да не им помогне на сонародниците и ова лето да остане во САД со цел преку Летната лига да избори стандарден договор во НБА.

Се чини дека младиот талент и направи добар избор бидејќи по добрите настапи за Њу Орлеанс тимот е подготвен да му даде и стандарден договор чиј износ сепак не е откриен, но се шпекулира дека е во областа на два милиони долари.

Тоа значи дека Хрватска во новата сезона во НБА би можела да има четири претставници по Ивица Зубац, Бојан Богдановиќ и Дарио Шариќ.

Се вчитува...