Ја одби Барселона за Милан: Му кажав на Чави дека нема шанса

Тијани Рејндерс по одличните настапи во дресот на АЗ Алкмар ова лето се пресели во Милан каде ќе го менува Сандро Тонали кој пак кариерата ја продолжи во Њукасл Јунајтед. 24-годишниот ги чинеше „росонерите“ 18 милиони евра и очекувањата за него на „Сан Сиро“ се големи.

Говорејќи за италијанските медиуми новиот „росонер“ откри дека заинтересирана за негов ангажман била и Барселона, но тој му се заблагодарил на повикот на Чави бидејќи не сакал да го прекрши зборот.

„Чави ме побара за да разговараме за трансфер во Барселона, но за мене во тој момент тоа беше невозможно. Му кажав дека нема шанси бидејќи му ветив на Милан. Не ми требаше многу време, штом зборував во Пиоли веднаш донесово одлука дека ќе играм за Милан“, вели Рејндерс.

Се вчитува...