Марко Асенсио имаше на маса понуди од Ливерпул и од Милан. Понудата на англискиот клуб беше подобра, но шпанскиот крилен напаѓач и покрај тоа ја прифати понудата на Милан. Со тоа шпанскиот репрезентативец на една година пред истекот на договорот ќе го напушти Реал Мадрид.
Асенсио има договор со Реал до идната сезона, а неговата клаузула изнесува 700 милиони евра. Сепак, тој за далеку помалку пари ќе си замине од „Сантијаго Бернабе“. Се шпекулира со сума од околу 30 милиони евра.
Асенсио ќе остане запишан во историјата на Реал како играч кога постигна голови на сите дебија во петте натпреварувања кои ги одигра во првата сезона во клубот: првенството, Купот, Лигата на шампионите и двата Супер-Купа, на Шпанија и на Европа.
Асенсио одигра за „кралевите“ 235 натпревари и постигна 49 голови со 24 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА