Ја одлежаа казната – Кокорин и Мамаjев ќе бидат пуштени од затвор

Руските фудбалери Александар Кокори и Павел Мамајев ќе бидат пуштени од затвор на условна слобода, соопшти судот во Белгород.

Кокорин и Мамаjев беа уапсени минатиот октомври поради физичкиот напад на Денис Пак, кој е вработен во руското министерство за трговија. Во мај месец годинава Кокорин доби 18 месечна казна за нападот, додека Мамаjев еден месец помалку, а на двајцата казните им се намалени поради времето поминато во притвор.

Кокорин за руската репрезентација запиша 48 настапи, додека неговиот сонародник дресот на „зборнајата“ го носеше 15 пати.

Се вчитува...