Дик Адвокат направи подвиг за паметење откако ја одведе селекцијата на Куракао до билет за СП 2026, но искусниот холандски стратег сепак нема да биде дел од претстојниот мундијал.
Адвокат и официјално си поднесе оставка од функцијата, решавајќи целосно да се посвети на семејството откако неговата ќерка се соочи со сериозни здравствени проблеми.
„Јас отсекогаш сум велел дека семејството е најважно од се, така што одлуката воопшто не беше тешка. Сепак, тоа не значи дека нема да ми недостигаат фудбалерите и навивачите од оваа прекрасна земја. Освоениот билет за СП засекогаш ќе биде еден од најголемите успеси во мојата кариера“, изјави 78-годишниот Дик Адвокат.
За нов селектор на Куракао веднаш беше избран неговиот сонародник Фред Рутен, кој ќе ја предводи оваа репрезентација на претстојниот мундијал.
Куракато се наоѓа во група со селекциите на Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

