Ја одведе Србија на СП 2025, па му кажа збогум на ракометот

Катарина Томашевиќ испиша нови страници во својата богата кариера помагајќи Србија да ја елиминира Словенија и да стигне до билет за СП 2025. Сепак, одличната 41-годишна голманка нема да настапи за нашиот северен сосед на мундијалот, откако реши и дефинитивно да му каже збогум на ракометот.

„Не сум некој што пишува тажни приказни, не сакам збогувања. Тие се здодевни, а јас не сум таква… А и немам причина да рагубаме, туку сум среќна и горда што можам да кажам – дојде крајот. Мечот во Бор, во дресот на Србија, е последниот што го играв во кариерата. Со полно срце, среќна и насмеана, а најмногу од се горда бидејчи бев актерка во најважниот меч за нашиот ракомет. Заминувам и и оставам во аманет на младите генерации да продолжат по моите стапки. Не да продолжат, туку и да ме престигнат… Дојде време за крај, да тргнеме по свој пат, но не засекогаш, бидејќи јас само малку ќе земам здив и ќе се вратам, само во друга улога“, објави Томашевиќ.

Таа ја почна кариерата во 2006 во австрискиот тим Хипо, по што настапуваше и за Есбјерг, Бера Бера, Зајеччар, Туринген, Нант, Ференцварош, Дунајварош, Сомбетехел, ПАОК и Бекамент, каде ја заврши клупската кариера.

Се вчитува...