Ја освои Лига Европа па доби отказ: Постекоглу избркан од Тотенхем

Англискиот Тотенхем му врачи отказ на дсегашниот тренер на клубот Анже Постекоглу. Лондонскиот клуб и официјално ја потврди разделбата со тренерот.

Иако го донесе првиот трофеј во клубот по 17 години, обезбедувајќи му на Тотенхем и настап во Лигата на шампионите следната сезона, сето тоа не му помогна да ја зачува позицијата. Раководството на клубот смета дека тој не е најдобро решение за клубот.

Тотенхем го победи Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на Европа, што беше прв европски трофеј за овој клуб по 41 година.

Екстремно лошиот пласман на тимот во Премиерлигата, каде што го зазеде 17-то место, веднаш над трите најлоши тима, иако еден бод од нив, очигледно го чинеше Постекоглу работа.

Управата на Тотенхем затоа донесе одлука да го замени австралискиот тренер, кој со тоа го напушта клубот по две сезони на клупата на Тотенхем.

„Исклучително сме благодарни на Постекоглу за неговата посветеност и придонес во текот на неговите две години во клубот. Секогаш ќе биде запаметен како само третиот менаџер во нашата историја што го освоил европскиот трофеј. Ти благодараме Анже“, се вели во порака на клубот за, сега веќе, поранешниот тренер.

Се вчитува...