Ја „откачи“ Србија и ќе игра за БИХ

Поранешниот напаѓач на Партизан Самед Баждар наводно нема да игра за српската репрезентација.

Овој играч кој е роден во Нови Пазар, играше за младинските селекции на Србија, а за сениорската репрезентација доби шанса само на еден пријателски меч против Кипар. Потенцираше дека Србија му е прироитет, но наводно сега се премислил.

Откако е јасно дека српскиот селектор Стојковиќ не смета на него, тој се одлучил во иднина да се одзива на повиците на БИХ.

Наводно целата документација е готова, и дека наскоро се очекува Баждар да заигра за босанската репрезентација.

Тој во моментов е дел од Сарагоса, за која постигна четири гола на 11 меча оваа сезона.

Се вчитува...