ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Животот на професионалниот спортист сам по себе носи и многу откажувања, уште повеќе кога станува збор за националниот тим, во периодите кога остатокот од играчите ги користат како денови за одмор.
Најдобар пример за тоа е германскиот репрезентативец Бастијан Рошек, просечен играч кој не ни сонуваше дека ќе биде во комбинација за настап на ЕП 2018, па си ги закажа свадбата и медениот месец за почетокот од јануари 2018. Свадбата требаше да се одржи на 5 јануари, но кога селекторот Прокоп реши да го влучи во својот финален список на патници за Хрватска плановите се променија.
Репрезентацијата не се одбива, па членот на Лајпциг ја одложи свадбата, за пред неколку дена да доживее разочарување. Откако ја грееше клупата на претходните средби, на Рошек му беше кажано дека повеќе неговите услуги не се потребни, па на негово место беше повикан Фин Лемке, токму пред дуелот со Македонија.
Ем остана ерген, ем ќе го гледа финишот на ЕП од трибини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА