Украинската тенисерка Људмила Киченок ја откажа сопствената венчавка бидејќи отиде далеку на УС Опен.
Триесет и двегодишната Киченок го освои УС Опен во женски двојки во пар со Јелена Остапенко, победувајќи ги во финалето Кристина Младеновиќ и Шуаи Жанг со 2-0, по сетови 6-4 и 6-3.
Во говорот по кревањето на трофејот, таа откри дека требало да се омажи пред неколку дена, но морала да ја откаже венчавката поради завршувањето на УС Опен.
„Мојот дечко требаше да ми биде сопруг, бидејќи требаше да се венчаме оваа среда, но тоа не се случи, бидејќи стигнав до полуфиналето на УС опен. Сега го освоив турнирот, па време е за свадба“, изјави Киченок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА