Во завршна фаза е снимањето на документарниот филм за Михаел Шумахер, во кој бројни личности од светот на Формула 1 говорат за легендата на овој спорт. Германецот имаше страшен пад при скијање во ски-центарот Марбела во 2013 година, лекарите едвај му го спасија животот, но семејството во сите изминати години како најстрога тајна ја крие неговата актуелна здравствена состојба.
Сепак, во фокусот на јавноста се најде изјавата на поранешниот прв човек на Ф1, Берни Еклстоун, кој говореше при претставувањето на документарецот за време на Филмскиот Фестивал во Кан.
„Шуми моментно не е со нас, но на сите прашања ќе ви одговори тој самиот… кога ќе се опорави“ – прокоментира Еклстоун.
По ова повторно се појавија бројни шпекулации околу состојбата на Шумахер, но јасно е дека Еклстоун како добро упатен во ситуацијата „меѓу редови“ става до знаење дека Германецот не е способен да комуницира, доколку воопшто е разбуден од кома.
Документаарниот филм ќе се вика „Шумахер“, а својата премиера ќе ја има во Германија и Швајцарија кон крајот на оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА