Србија вчера се намачи, но на крајот ја победи селекцијата на Андора. Откако прими гол од половина терен, селекцијата на Србија на крајот со пресврт успеа да победи со 1-3 и така да има каква-таква надеж за пласман на второто место кое носи бараж.
На овој натпревар српската репрезентација ја водеше Зоран Мирковиќ, актуелниот тренер на младинската селекција. Тој мораше да ја преземе улогата од Драган Стојковиќ, кој си замина по поразот од Албанија. Но, и неговиот „мандат“ истече, па така и тој најави заминување од кормилото.
„Има уште еден месец екипата да се подготви за она што ја очекува во ноември. Јас имам свое работно место, а тоа е местото селектор на младата репрезентација. Со својот стручен штаб дојдов тука како прва помош, и тоа е тоа“, изјави Мирковиќ по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

