Европските кошаркарски репрезентации веќе подолго време го следат трендот на натурализирање на странски кошаркари во својот тим со цел подобри резултати. Имун на тоа не останаа ни најголемиот дел од кошаркарските великани како нпр. Шпанија која со Лоренцо Браун стигна до титулата шампон на Европа, а единствени кои досега одолеваат на натурализација се Србија, Литванија и Летонија.
На оваа тема во подкастот „Урбонус“ говореше и новиот репрезентативец на Грција, Томас Волкап кој вели дека ја почитува одлуката на Србите и Литванците.
„Не ги заборавив своите американски корени, но исклучително сум задоволен бидејќи ќе имам шанса да ја претставувам Грција, државата која многу ја сакам. Но, ги почитувам Србите и Литванците и ја разбирам нивната позиција дека не сакаат странци во репрезентацијата. Тоа е нивно мислење и јас навистина го почитувам. Дали јас како млад ќе мислам дека е во ред САД да собира репрезентативци од другиот крај на светот? Најверојатно не. Сепак јас сум во Европа веќе седум години. Повеќе се чувствувам како Европеец отколку Американец“, вели кошаркарот на Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА