Кристијано Роналдо го „украде“ шоуто на Гонзало Рамош кој постигна три гола, па така токму капитенот на Португалија беше во фокусот на вниманието.
Најпрво поради фактот што беше оставен на клупата за резерви и не беше во стартните 11. Веројатно Фернандо Сантош се реши на ваков чекор поради конфликтот на минатиот меч. Но денеска Роналдо се надмина себе си, и се чини уште повеќе ја прели чашата со тоа што предвреме го напушти теренот.
Додека неговите соиграчи славеа со фановите после убедливиот триумф од 6-1 над Швајцарија, Роналдо самиот си замина во соблекувалната. Ова дефинитивно ќе го навлече уште повеќе гневот на навивачите па и соиграчите.
Cristiano Ronaldo walks straight down the tunnel, while other Portugal players celebrate with the fans (via @adriandelmonte).pic.twitter.com/qkSP8l2M7E
— Get World Cup Football News (@_GIFN) December 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА