„Ја разберам фрустрацијата на Луис, но тоа е нормално и тој ќе се врати“

Луис Хамилтон доживеа уште еден дебакл во Формула 1 шампионатот откако на Големата награда на Унгарија прво не успеа да влезе во третиот круг од квалификациите, а потоа и ја заврши трката на 12. позиција и не освои ниту еден бод.

Хамилтон беше видно разочаран по самите квалификации велејќи дека не заслужува да биде дел од тимот на Ферари и заслужува да биде заменет, но на негова страна застана тимскиот шеф, Фредерик Васер кој верува дека британскиот возач ќе го надмине тешкиот период.

„Нормално, кога сте седумкратен шампион на светот, а вашиот тимски колега е на пол-позиција, а вие сте завршиле со квалификациите ситуацијата е тешка. Можам да ја разберам фрустрацијата на Луис, но тоа е нормално и тој ќе се врати“, изјави Васер.

Се вчитува...