Ја торпедираше Македонија, па денеска потпиша за Киелце како замена за Карачиќ

Алекс Влах одигра два импресивни меча за репрезентацијата на Словенија против Македонија, по што извонредниот „бомбардер“ веднаш си осигура и трансфер во нов клуб.

Влах од следното лето ќе биде нов член на Киелце, откако словенечкиот лев бек ја прифати понуда и потпиша четиригодишен договор со полскиот гигант. Тој се уште е под договор со дански Алборг, но по истекот на истиот на крајот од оваа сезона, Влах следните четири години ќе ги мине во дресот на полскиот гигант предводен од Талант Душебајев.

„Доаѓам во клуб што го гледав како дете, почнувајќи од периодот кога Урош Зорман настапуваше за Киелце, се сеќавам на европската титула во 2016 година. Една од најголемите желби во кариерата ми е да го кренам пехарот во ЛШ, се надевам дека го остварам тоа во овој клуб. Свесен сум дека треба да го заменам Игор Карачиќ, го чувствувам притисокот бидејќи Игор навистина е одличен играч, знам дека нема да ми биде лесно, но верувам дека можам да играм на највисоко ниво и да покажам на што сум способен“, изјави Влах.

Се вчитува...