Италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори имаше фантастична сезона во Серија А настапувајќи за сензацијата Болоња, а блескавата форма ја продолжи и на Европското првенство во Германија каде беше еден од клучните играчи на „аѕурите“ за реми против Хрватска.
Покрај тоа што беше немилосрден во одбраната, 22-годишниот стопер покажа квалитет и во нападот со клучната асистенција до Закањи во 97. минута од средбата против Хрватите.
Со тоа фудбалерот кој е споредуван со Неста и Канаваро си ја удвои цената на трансфер маркетот, а и воедно стана мета на Реал Мадрид, откриваат шпанските медиуми. „Кралскиот клуб“ се подготвува за промени на стоперската позиција, а во Калифиори гледа како идеално и долготрајно решение па е подготвен и да ја прифати сумата од 50 милиони евра која ја бара Болоња за негов премин на „Сантијаго Бернабеу“.
Калафиори беше трансфер мета и на Јувентус, но зголемената цена на маркетот ќе ја примора „старата дама“ да се откаже од негов ангажман. Сепак тоа не значи дека Реал Мадрид нема конкуренција за неговиот потпис за кој се заинтересирани и премиерлигашите Ливерпул, Њукасл и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА