Ја видовте ли новата технологија на Реал Мадрид за изведување слободни удари? (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид отиде чекор понапред во употребата на модерната технологија при тренинзите. „Кралевите“ стандардните „пречки“ за изведувње на слободни удари ги заменија со систем кој симулира движечки „жив ѕид“ и истиот може да се подесува на висина која е посакувана.

Тоа значи дека фудбалерите на Реал Мадрид ќе можат да се подготвуваат за изведување на слободни удари согласно со висината на противничките стопери. Истиот веќе започна и да носи предност за мадридскиот тим кој оваа сезона постигна два гола од овој сегмент од играта.

Во модерниот фудбал кога детали одлучуваат за освојувачот на големите трофеи, Реал Мадрид сега е чекор пред останатите тимови.

Се вчитува...