Ја заврши кариерата поради срцеви проблеми, а сега доживеал инфаркт

Замбиецот Енок Мвебу кој беше член на премиерлигашот Брајтон летоска мораше да ја заврши кариерата поради срцева мана, па големиот талент кој на фудбалскиот пазар вредеше 18 милиони фунти предвреме стави крај на кариерата.

Сепак, тука не е крај на неговите проблеми, тој во татковината после само шест месеци доживеал инфаркт. Мвебу додека се возел во автомобилот во својата татковина, доживеал срцев удар. Тој бил пренесен во болница, каде е задржан и е ставен на болничко лекување, а во моментов бил во добра состојба.

„Информациите кои ги имам е дека многу лошо се чувствувал, но сега е добро. Отишол во болница да го прегледаат и ако е потребно да го лекуваат“, пренесуваат од „ЕСПН“.

Се вчитува...