Јабуселе доби понуда што не се одбива од НБА-лигата

Жерсон Јабуселе имаше забележителен настап за Франција на ОИ во Париз, по што крилниот центар веднаш стави до знаење дека е подготвен за нов предизвик во НБА-лигата.

Денеска пристигнува и информација дека Јабуселе е блиску до преселба преку Атлантикот, откако добил неодолива понуда од тимот на Филаделфија. Финансиските детали засега не се откриваат, но Јабуселе веќе начелно ја прифатил понудата и се чека само на средување на одредени детали за договорот да биде потпишан и Французинот да заигра крај Ембид во дресот на Филаделфија.

Тој има договор со Реал Мадрид, но во него има клаузула за излез во НБА во висина од 2,5 милиони евра, што Филаделфија е подготвена да ја плати за да го доведе во своите редови.

Овој трансфер ќе претставува камбек во НБА-лигата за Јабуселе, кој во периодот од 2017 до 2019 година ги бранеше боите на Бостон селтикс.

Се вчитува...