Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе и официјално е нов играч на НБА-лигашот Филаделфија.
Јабуселе се враќа во НБА лигата каде од 2017 до 2019 година беше член на Бостон селтикс, за две сезони одигрувајќи 90 натпревари.
Французинот по три години го напушти Реал Мадрид со кој ја освои Евролигата, две титули шампион на Шпанија и еден трофеј во Купот на Шпанија. Неодамна со селекцијата на Франција го освои среброто на Олимписките игри во Париз.
Покрај Реал Мадрид, Јабуселе играше и за француските Асвел, Роан и Шалон, а дел од кариерата мина и во Кина, во екипите на Нанџинг и Шангај шаркс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА