Јабуселе пред камбек во Европа, два клуба го чекаат со раширени раце

Жерсон Јабуселе е подготвен за камбек во европската кошарка откако францускиот крилен центар не ја доби минутажата што ја заслужува во дресот на Њујорк.

Екс-кошаркарот на Реал Мадрид до минатата сезона беше задоволен во НБА, но ситуацијата се промени во последните месеци откако Јабуселе почнува да минува помалку од десет минути по натпревар на теренот, по што очекувано паднаа и неговите бројки, 2,7 поени и 2,1 скокови по натпревар.

Јабуселе во изминатите денови бил во потрага по нов НБА-ангажман, но откако увиде дека нема премногу опции Французинот сега сериозно размислува за камбек во Европа. „Кралевите“ сакаат да го вратат, но финансиската понуда од Мадрид е далеку пониска од двата останати евролигаши, Панатинаикос и Хапоел Тел Авив.

Овие два клуба се подготвени да дадат плата од четири милиони евра по сезона за да го убедат Јабуселе да се врати назад во Евролигата, а останува да се види дали Французинот ќе избере преселба во Атина, во Израел, или можеби ќе продолжи да ја грее клупата во Њујорк.

This year, he is averaging 2.7 points, 2.1 rebounds and 0.4 assists in 41 games, playing less than 10 minutes per game.

Се вчитува...