По синоќешниот тежок инцидент во Мадрид во втората четвртфинална пресметка меѓу Реал и Партизан од Евролигата, се огласи и главниот виновник за инцидентот, кошаркарот на Реал Мадрид, Гершон Јабуселе.
Јабуселе се огласи на Инстаграм извинувајќи се за своето однесување, посебно за боречкиот зафат со кој го повреди противничкиот кошаркар Егзум.
„Длабоко се каам за своето однесување на синоќешниот натпревар. Кошарката подразбира спортско однесување и пријателство. Мое искрено извинување на Партизан, клуб со кој секогаш сум имал одличен однос, му се извинувам и на Данте Егзум и на неговото семејство, им се извинувам и на моите соиграчи и на сите навивачи“ – напиша Јабуселе.
Јабуселе се соочува со тешка казна од Евролигата поради начинот на кој го фрли на под Егзум и притоа го повреди, по што завршена е сезоната за кошаркарот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА