Францускиот кошаркар Гершон Јабуселе би можел да го напушти Реал Мадрид и да се врати назад во НБА лигата каде настапуваше од 2017 до 2019 година.
Зад овој 28-годишен крилен центар е успешна сезона со Реал Мадрид како и со француската репрезентација со која настапи во големото финале на Летните олимписки игри кои изминатите денови се одржаа во Париз. Во битката за златен медал тој го имаше и потегот на средбата „постерирајќи“ го Леброн Џејмс.
LEBRON POSTERIZED BY YABUSELE 🤯 #Paris2024 pic.twitter.com/w5WPPpkOZJ
— BasketNews (@BasketNews_com) August 10, 2024
Јабуселе има уште една година од договорот со Реал Марид, но и излезна клаузула од 2.5 милиони долари за заинтересирани клубови од НБА лигата каде зад своето име има 74 настапи. Тој не ја крие желбата за втора шанса „преку барата“. Тоа го сподели на социјалната мрежа „Х“.
Been waiting for a 2nd chance.. I’m ready 😤🧸
— Guerschon Yabusele (@yabusele28) August 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

