Македонскиот нордиец, Ставре Јада заврши на 56. место на 30 километарската трка во крос кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Јада делницата на патеката во Пекинг ја помина со заостанување од 14:09.1 минути зад времето на златниот Русин, Болшунов.
Поради лошото време денеска во Пекинг и силниот ветер, трката место 50 километри беше намалена на 30.
До златото стигна Русинот, Александер Болшунов со вкупно време од 1:11:32.7 час. Сребрениот медал му припадна на вториот Русин, Иван Јакимушкин кој доцнеше 5.5 секунди зад времето на својот сонародник.
Единствениот Норвежанец кој стигна до медал е Симен Хегстад Кругер кој на крајот се задоволи со бронзата. Еден од најголемите фаворити Клебо не ја заврши трката.
За Болшунов ова е петти медал на игрите, со што стана најдобар нордиец. Тој во Пекинг освои три златни медали и по еден сребрен и бронзен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА