Јагањац го доби признанието за најдобар стрелец во СЕХА

Бекот на Металург, Халил Јагањац уште пред стартот на Ф4 турнирот на СЕХА во Скопје, го доби првото признание. Металург не стигна до завршниот турнир, но Јагањац ја заврши сезоната како прв стрелец во СЕХА лигата со постигнати 100 гола.

Признанието на ракометарот на Металург му го врачи извршниот директотот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ кој воедно го изрази и своето задоволство од рејтингот и квалитетот што го има СЕХА лигата како уникатно натпреварување во Европа и посака добредојде на вториот Ф4 турнир во Скопје.

„ СЕХА лигата е уникатна во Европа. Присуството на претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер по втор пат на завршницата во СЕХА за нас е признание дека СЕХА лигата е почитуван партнер. Горди сме што ја издигнавме лигата на ова ниво. Се надевам дека овој викенд ќе уживате во добар ракомет, извонредни мечеви и во гостопримството на Скопје и на Македонија“ – истакна  Синиша Остојиќ.

 

Се вчитува...