Шкендија може да жали затоа што имаше победа во џеб над Јагелонија, и беше блиску да дојде до вториот триумфи и до шест бодови во групната фаза во Лигата на Конференции. Тетовскиот тим требаше да го издржи само последниот напад на гостите, и да слави победа. Но… Длабоко во продолжението, полската екипа успеа со погодок да дојде до бод. Двата тима одиграа тврд меч, без многу шанси, практично од двете најдобри реализираа и поделија по бод.
Крајно претпазлива игра во првиот дел и на двете екипи. Како повеќе да внимаваа на својот, отколку што мислеа на противничкиот гол. Фабрис Тамба ја имаше најдобрата шанса за гол. Беше проигран од Зејнулаи, излезе во добра позиција од десно, ама неговиот шут оди само крај голот. На другата страна Јагелонија само со еден удар од прекин, Вдовик упати прецизен шут, право во рацете на Гаје.

На стартот од вториот дел, Шкендија успеа да поведе. Се играше 49. минута од средбата кога Вебстер нафрли од корнер, на првиот дирек Љатифи со глава го совлада Пиекутовски.
— goals (@StefanDaskalov5) November 6, 2025
И кога се очекуваше натпреварот да се „разгори“, Јагелонија да нападне, сепак, тоа не се случи. Шкендија и тоа како да го посакуваше, па малку и се повлече, но не видовме ништо од противникот, ниту желба, ниту игра по која може да се врати.
Шкендија, пак, трпеливо чекаше нова грешка, нов прекин за да го запечати победникот на овој натпреар. Јетон Беќири на теренот го испрати и Бесарт Ибраими, со надеж дека ќе може да се закани, и успеа во тоа, ама неговиот удар во 79. минута го брани голманот Пиекутовски.
Во судиското надополнување неколку напади на гостите за да дојдат барем до бод, одбраната на Шкендија сето тоа го расчистуваше. Кога се беше подготвено за крај, акција на Јагелонија по левата страна, мешаница во која најдобро се снајде Серхио Лозано, кој со силен удар го совлада Гаје и среќно донесе бод за полскиот прволигаш.
— goals (@StefanDaskalov5) November 6, 2025
По ова реми, Шкендија сега е на 21. место од 36 екипи во Конференциската лига, пропуштајќи можност со победата да биде и во Топ 10 на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

