Јагош Брауновиќ е нов голман на Тиквеш

РК Тиквеш 2014 полека но сигурно се подготвува за новата претстојна сезона. Тимот од Кавадарци овојпат како ново име го претстави Јагош Брауновиќ од ГРК Охрид, кој ќе ја засили голманската позиција.

Црногорецот е еден од најдобрите голмани во нашиот ракометен шампионат, а голот на „рибарите“ го чуваше во последните четири сезони.

Македонскиот суперлигаш активно работи на пазарот, претходно го донесе левиот бек Арнад Хамзиќ од БиХ, а ги обнови договорите со повеќе првотимци и таленти.

Се вчитува...