Македонските ракометари ја одработија и последната фаза од подготовките за ЕП 2024, па по двете победи над Грција со позитивна атмосфера утре ќе отпатуваат за Германија.
Десниот бек Томи Јагуриновски уште еднаш покажа дека е сериозна опција во националниот тим, од помош во нападот, но исто така и во одбраната, каде врши одлична работа во остварување на тактичките замисли на селекторот Лазаров. Ракометарот на Вардар верува дека по одлично сработените подоготвки, Македонија ќе се прикаже во добро светло на претстојниот европски шампионат, во исклучително тешката група со Франција, Германија и со Швајцарија.
„Грција воопшто не беше наивен противник, а овие натпревари беа одлична можност за последни корекции во нашата игра пред настапот на ЕП. Можам да кажам дека одлично ги одработевме подготовките, на овие три контролни средби со Црна Гора и со Грција работевме на тактиката за европскиот шампионат и верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Свесни сме дека групата е тешка, играме против гиганти како Франција и Германија, но наша желба е да покажеме дека можеме да играме на високо ниво. Верувам дека се наоѓаме на добар пат за такво нешто“, изјави Јагуриновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА