Македонската ракометна репрезентација се пласираше на ново Светско првенство, откако синоќа во бараж натпреварот славеше над репрезентацијата на Чешка со 27-25.
Томислав Јагуриновски одигра одлична партија и достојно го замени Кирил Лазаров кој поради повреда не можеше во второто полувреме да им помогне на своите играчи на теренот. Тој по мечот изјави дека борбеноста и желбата беа пресудни за победа и пласман на мундијалот.
„Мечот беше многу тежок исто како и тој во Чешка. Сите ја посакувавме оваа победа и пласман на Светско првенство. Многу се трудевме и подготвувавме мислам дека дадовме се од себе. Нашата борбеност и нашата желба беше пресудна за победа и пласман на нов мундијал. Потешко беше во Чешка, но и тука беше многу тежок натпревар“, изјави Јагуриновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА