ЕКИПА.МК ВО ВАРАЖДИН
СТЕВАН ЦАНЕВСКИ
Македонија е подготвена за предизвикот што го носи новиот светски шампионат што нашите ракометари ќе го стартуваат в среда со дуелот против Унгарија закажан за 20.30 часот во Вараждин.
Томислав Јагуриновски кој ќе има голема задача на десната бековска позиција ги откри своите очекувања пред почетокот на шампионатот…
„Атмосферата во репрезентацијата е секогаш на големо ниво. Нема разлика во нашиот менталитет во однос на било кој претходен спобир, квалитет и карактер дека имаме покажавме во баражот против Фарски острови. Европските првенства се за нијанса поквалитетни, бидејќи сепак ракометот најмногу се игра на стариот континент. Реална цел е да се пласираме во втората рунда, но не сме дојдени само за победа против Гвинеја, туку ќе се обидеме да изненадиме и некој од фаворитите. Одлично е тоа што имавме повеќе време за подготовки. Сите знаеме што значи да се игра за националниот тим и сакаме да уживаме во настапот на големата сцена“, изјави Јагуриновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА