ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на СП 2025 откако вечерва по голема борба загубивме од Холандија со резултат 32-37. Избраниците на Лазаров во големи периоди од натпреварот целосно му парираа на фаворитот, но на крајот како клучна се покажа завршницата на првото полувреме во кое „лалињата“ се одлепија резултатски и стигнаа до водство што знаеја како да го задржат до самиот крај. Во моментите кога покажавме карактер и дадовме се за да се вратиме, данските судии со бројни исклучувања и пенали за противниците се погрижија Холандија во мирен финиш да го приведе мечот до крај.
По мечот Томислав Јагуриновски даде свое мислење…
„Многу тежок натпревар за играње против квалитетна репрезентација. Тие на крајот излегоа подобри иако имавме шанси и ние. Одиме со сите сили на мечот против Гвинеја за да ја исполниме нашата цел втора фаза“, Јагуриновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

