Јагуриновски: Повеќе го посакувавме трофејот, но немаме многу време за славење…

Томи Јагуриновски го одигра можеби и најдобриот меч во дресот на Вардар, со шест гола предводејќи го тимот во големата победа над Е. Пелистер, за што македонскиот репрезентативец беше избран и за МВП на завршниот турнир од Купот на Македонија што викендов се одржуваше во Охрид.

„Секогаш се обидувам на секој натпревар да одиграм најдобро што можам, среќен сум што денеска помогнав да стигнеме до трофејот. Сакам да им честитам и на противниците за одличната игра, ние бевме помотивирани, повеќе го сакавме трофејот, одигравме одлично и мислам дека заслужено победивме“, гласеше првата изјава на новиот МВП на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија.

„Црвено-црните“ мораат експресно да ги насочат погледите кон завршницата на плејофот, најпрвин гостувањето против Тиквеш, а следната сабота и големото дерби во Скопје против Пелистер, на кое победникот ќе се закити и со шампионската титула.

„Немаме многу време за славење, пред нас се уште две средби во трката за титулата, се надевам дека на крајот од сезоната ќе имаме причина плус за славење“, истакна Јагуриновски.

Се вчитува...