Јагуриновски: Пресуди нашата желба за победа над Пелистер

Огромно е задоволството во таборот на Охрид по големата победа над Е. Пелистер, со која охриѓани ги потврдија големите амбиции со кои влегоа во новата сезона.

Репрезентативецот Томи Јагуриновски презадоволен по конечниот исход не го криеше оптимизмот дека со оваа победа Охрид ќе тргне кон уште подобри игри и резултати како што ќе се приближува клучниот дел од сезоната.

„Oва беше многу тежок натпревар. Во еден момент водевме и со голема разлика, гостите за момент се приближија, но ние заслужено славевме. Морам да кажам дека Пелистер имаше нешто потешки натпревари од нас во изминатиот период, но сметам дека пресудна беше нашата желба да излеземе како победници и го докажавме тоа пред домашната публика. Се надевам дека по оваа победа сезонатса ќе биде се подобра и подобра за Охрид“, задоволен беше Јагуриновски по големиот триуф.

Се вчитува...