Македонија би можела да биде посилна за Томи Јагуриновски за вечерашниот дуел против Аргентина, откако десниот бек на Пролет (по ова СП се сели во Вардар) се чувствува подобро по повредата заработена на премиерниот меч со Норвешка.
Тој не настапи на вториот дуел со Холандија, на кој селекторот Лазаров на десната бековска позиција ги ротираше Серафимов, Савревски и Павле Атанасијевиќ, но според последните информации Јагуриновски би можел да добие одредена минутажа против Аргентинците.
„Се надевам дека ќе бидеме комплетни, искрено се надевам, иако ситуацијата со Томи Јагуриновски не е баш во најдобар ред. Сепак, доколку има шанса, тој ќе биде во комбинација да помогне и да даде свој придонес на овој решавачки натпревар. Сепак, конечната одлука ќе биде донесена пред натпреварот“, изјави селекторот Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА