Јагуриновски: Вечно ќе го паметам ова Светско првенство

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. место на Светското првенство по поразот од Франција во последниот натпревар од групната фаза. Со тоа зад најдоброто од Македонија е нов успешен настап на еден голем собир.

Задоволство од успешниот настап покажа и Томислав Јагуриновски кој вели дека ќе го памети овој собир по многу добри нешта и дека добрата игра ќе продолжи и во иднина.

„Се разбира дека ова беше голем предизвик за нас, со оглед на резултатите од минатите првенства. Франција беше тежок меч за играње, се работи за селекција која на секое првенство игра за медал. Сакам на сите да им честитам на играта и се надевам дека на следните настани ќе ја радуваме Македонија уште повеќе.

Ќе ги паметам сите натпревари, со Австрија, Унгарија, Катар… сите ќе ми останат во добро сеќавање, како една позитивна работа за сите нас. Имаше мал период во кој не бевме толку добри за да ги задоволиме сите, но се трудиме да бидеме на ниво од првенство во првенство и да бидеме се подобри“, вели Јагуриновски.

Се вчитува...