Ракометарите на Охрид утре му гостуваат на актуелниот првак Е.Пелистер во 4. коло од плеј-офот во македонското првенство. Охриѓани со победа може да се исакачат место погоре на табелата, и да избијат на втората позиција на табелата.
Еден од клучните играчи на Охрид, Томи Јагуриноски очекува тежок меч во Битола, но ветува дека тој и неговите соиграчи ќе го дадат максимумот.
„Не очекува тежок мел со Пелистер, во нашиот густ распоред и неколку натпревари ќе се подготвиме да го дадеме максимумот и да ја израдуваме нашата публика“, вели Јагуриноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

