Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ е херојот на Гезтепе кој успеа да обезбеди настап во најсилната турска лига во следната сезона.
Во бараж пресметката за влез во првата лига на Турција, Гезтепе по изведувањето на пеналите беше подобар од Ескишехирспор откако во регуларниот дел мечот заврши 1-1, благодарение токму на Јаховиќ кој успеа да го спаси својот тим со гол за израмнување во 95. минута…
Adis Jahovic GOAL HD Eskisehirspor 1 – 1… by superligcepte
Во пенал серијата, Гезтепе славеше со 3-2, а стрелец на еден од головите од белата точка за Гезтепе беше и Адис Јаховиќ. Изминатава сезона во Втората турска лига Јаховиќ постигна 21 гол, дополнет и со последниот од плејофот за влез во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА