Адис Јаховиќ испиша историја во фудбалска Турција како прв фудбалер што постигна автогол, а потоа на спротивната страна запишал хет-трик зад своето име.
Гезтепе на Јаховиќ му гостуваше на тимот на Сиваспор, а во главна улога беше токму поранешниот репрезентативец на Македонија, кој го отвори резултатот откако по еден корнер со силен удар со глава ја смести топката по гредата на својот гол.
Сепак, Јаховиќ покажа карактер и самиот направи пресврт, најпрвин израмнувајќи на 1-1, за потоа со два гола да го комплетира својот хет-трик.
Гезтепе со овој триумф се искачи на делба на првото до третото место на табелата, рамо до рамо со Бешикташ и со Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА