Јахтата на Абрамович од милијарда фунти има ракетен одбранбен систем (ФОТО+ВИДЕО)

Роман Абрамович сезонава уште не го гледал Челси на „Стемфорд бриџ“. Сопственикот на „сините“ од Лондон впрочем и не бил во Британија од мај годинава откако владата на земјата не му ја продолжи визата за престој.

Рускиот тајкун сега има повеќе време да ужива на суперлуксузната јахта наречена „Еклипса“. Кога ја купи во 2010 година таа чинеше 300 милиони фунти и во моментот беше најскапата јахта во светот. Сега по сите корекции и реновирања, јахтата чини неверојатни една милијарда фунти.

Само за одржување и за вработените на јахтата Абрамович плаќа по 40 милиони фунти годишно.

Еклипса е двојно поголема од теренот на „Стемфорд бриџ“ и покрај тоа што ги има работите кои се очекувани за вакво луксузно пловило, како базени, домашни кина во сите соби, фитнес центар, јахтата има и можност за слетување како и посебен хангар за сместување на Еурокоптер  и ракетен одбранбен систем.

 

 

Се вчитува...