Јаја Туре го допре дното

Јаја Туре со години наназад важеше за еден од најдобрите африкански фудбалери, но тој го допре дното откако Олимпијакос реши да го раскине договорот со него по само три месеци минати во дресот на грчкиот гигант.

Неговиот агент во текот на последните две сезони жестоко го критикуваше Пеп Гвардиола за малата минутажа што му ја даваше на Туре, но очигледно е дека стратегот на Сити точно знаел што прави. И тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс, пред извесно време даде изјава дека воопшто не е одушевен од настапите на оваа „ѕвезда“ во својот тим, додавајќи дека вишокот на килограми кај Јаја Туре е и повеќе од евидентен.

Со оглед на фактот дека тој требаше да биде најплатен фудбалер на тимот со заработка од 2,5 милиони евра за една сезона, управата експресно реагираше, па денеска го раскина договорот со Туре, се со цел да му исплати што помалку пари на овој играч, кој поголемиот дел од сезоната го мина греејќи ја клупата за резерви.

Се вчитува...