Јаја Туре ја заврши кариерата

Поранешниот фудбалер на Барселона и на Манчестер Сити, Јаја Туре, ја заврши кариерата. неговиот агент Димитри Селук објави дека истакнатиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска става крај на активното играње фудбал.

Јаја Туре освои многу трофеи меѓу кои и најпосакуваниот во Лигата на шампионите, како и три титули во Премиер – лигата. Беше дел од Монако, Барселона, осум сезони мина во дресот на Манчестер Сити, а кариерата ја заврши во грчкиот Олимпијакос.

Се вчитува...