Јаја Туре објасни зошто на синот му забранил да стане фудбалер

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Јаја Туре откри зошто на синот му забранил да стане фудбалер.

„Моето дете сака да игра фудбал и да стане фудбалер. Но, јас не му дозволувам. Зошто? Поради расизмот, одбив да му дозволам да игра фудбал. Чувствителен сум на таа тема, бидејќи тоа многу ме боли“, изјави Туре. 

Јаја Туре во текот на својата кариера неколку пати беше жртва на расистички напади.

Се вчитува...