Еден од најдобрите играчи за врска во историјата, Јаја Туре по пензионирањето пред четири години даде опширно интервју во кое говореше на повеќе теми, а една од нив беше најтешкиот противник со кој се сретнал во кариерата.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска како таков го одбра српскиот интернационалец Немања Матиќ со кој водеше тешки битки во Премиерлигата.
„Го мразам гомнарот. Против него е многу тешко да играш. Висок е и силен. Но, беше забавно да играш против него и покрај тоа што беше тешко. Убаво е што најдов противник кој може и мене да ме запре. Малку се такви, но Матиќ е еден од оние кои ми зададоа најголеми проблеми. Може да трча, да се врати во одбрана. Може да прати, може да се бори. Тој е навистина добар“, изјави Туре.
Туре со Пеп Гвардиола соработуваше во Барселона каде ја освои Лигата на Шампиони, а подоцна и во Манчестер Сити каде стигна до три првенствени трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА