Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, го напушти Стандард Лиеж за да се пресели во Саудиска Арабија, каде ќе биде помошник на селекторот Роберто Манчини во оваа репрезентација. Туре досега ја извршуваше функцијата помошник тренер во белгискиот клуб.
Стандард Лиеж ја соопшти оваа информација, а поранешниот играч на Брегот на Слоновата коска повторно ќе има можност да работи со Манчини, откако беше со него во Манчестер Сити.
Туре досега како тренер беше во младинската категорија на Тотенхем, и работеше како помошник во Олимпик Доњецк и Ахмат Грозни. Оваа година беше назначен во стручниот штаб на Стандард, кој го напушта по само неколку месеци за првпат да биде во стручен штаб на национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

