Асот на Барселона, Фелипе Кутињо, денеска полни 26 години, а неговите соиграчи од репрезентацијата на Бразил му го честитаа на оригинален начин. Нејмар ’прошверцува’ јајца на тренингот, им подели и на останатите, а потоа следеше и изненадувањето за Кутињо.
Доби јајца во глава, се разбира, за ’среќен роденден’. А, потоа почна и ’војната’ на теренот…Бразилците очигледно знаат добро да се шегуваат пред самиот старт на Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА